Германската телевизија АРД, соопшти дека новинарот Хај Зепелт, летово, нема да известува од Светското првенство, бидејќи неговата виза била неважечка. Зепелт е новинарот што со својот документарен филм го откри допингот во руската атлетика.
Како што соопшто АРД, Зепелт во Русија бил „персона нон грата“.
Телевизијата оцени дека одлуката е скандалозна, истакнувајќи дека слободниот пристап на новинарите да известуваат од настани какви што се светските првенства и олимписките игри е една од главните норми што треба да ги исполнат организаторите на овие настани.