Без големи изненадувања поминаа сите мечеви од 16-финалето на Мастерс тенискиот турнир во Синсинати, во машкиот дел од турнирот.
Во последните три ноќешни мечеви Гаел Монфис беше подобар со 2-0 од Алекс Де Минор, аргентинскиот ас Диего Шварцман со 2-1 беше подобар од Тиафое, а Циципас немаше мака со Себастијан Корда (2-0).
Денеска попладне започнуваат осминафиналните дуели, а таму:
Медведев – Димитров
Хуркач – Карењо Буста
Рубљов – Монфис
Иснер – Пер
Руд – Шварцман
Пеља – Зверев
Беретини – Оже-Алијасим
Сонего – Циципас
На женскиот дел од турнирот Симона Халеп го напушти натпреварувањето. Го предаде мечот на Џесика Пегула поради повреда.
Каролина Плишкова и препушти само 5 гема на Јулија Путинцева (6-3 6-2), додека Ешла Барти беше подобра од Британката, Хедер Вотсон (6-4 7-6). Во наредното коло ќе оди на Викторија Азаренка.
A tricky encounter but the No.1 seed prevails ?@ashbarty gets past Watson 6-4, 7-6(3)!#CincyTennis pic.twitter.com/ei3u1MO4lI
— wta (@WTA) August 18, 2021
Белоруската тенисерка без поголеми проблеми излезе на крај со Американката Алисон Риск (6-2 7-5).