Top Sport

Првиот пик на драфтот пука од самодоверба: Нека ме чуваат најдобрите во НБА

Првиот пик на овогодинешниот НБА драфт идниот месец ќе наполни 20 години, се уште не го почувствувал НБА теренот, но затоа самодовербата му е до небо.

Се работи за Кејд Канингем кој е избран од Детроит. Екс-студентот на Универзитетот „Стејт“ имаше јасен одговор, помалку надмен и арогантен, кога го прашаа против кого едвај чека да игра во лигата.

„Сакам да ме слушаат најдобрите дефанзивци во лигата. Се надевам дека ќе ме чува Каваи Ленард, нека ме чува тој. Сакам сите најдобри да ме чуваат“ изјави 201-сантиметар високиот Канингем.

Новиот член на Пистонси се обиде да го сврти вниманието врз себе и со коментарот за тоа кој е Г.О.А.Т. во НБА.

„Тешко ми е било кого да ставам пред Леброн. Тој е најдобриот играч кој сум го гледал. Верувајте, сум гледал што се направил Мајкл Џордан во кариерата, бил поинаков. Во моите очи Леброн е најдобриот на сите времиња“ – вели младиот кошаркар.

Scroll to Top