Сасуоло му нанесе тежок пораз на Интер во Милано, во претпоследното коло, во Серија А. Сасуло победи 2:1, а Интер речиси остана без шанси да стигне до чевртата позиција и пласман во Лигата на шампионите. Доколку Лацио утре го победи Кротоне, позицијата број четири ќе биде резервирана за римскиот тим.
Интер без енергија го одигра натпреварот со Сасуоло, иако во првото полувреме неговите играчи промашја три добри шанси, откако Политано од слободен удар го совлада Хандановиќ во 25.минута.
Овој резултат беше активен до 72.минута кога Берарди го натера Хандановиќ по втор пат да ја вади топката од својата мрежа.
На десет минути до крајот на мечот Рафиња го намали резултатот. Интер до крајот не успеа да постигне барем гол за израмнување и остана на 69 бода, два помалку од Лацио.
Во последното коло Лацио ќе го пречека Интер, но доколку утре оваа екипа победи кај Кротоне, дуелот ќе биде само формалност.