Top Sport

Бејл блескаше, Реал ја „згази“ Селта (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид со убедливата победа над Селта (6:0) ја затворија саботната програма од 37.коло во Ла Лига.

Реал фаќа форма за финалниот меч во Лигата на шампионите, а во последниот свој настап оваа сезона на „Сантијаго Бернабеу“ во домашниот шампионат, на своите навивачи им приреди вистинско шоу.

Блескаше двократниот стрелец Герет Бејл. Велшанецот ги постигна првите два гола, првиот по додавањето на Модриќ, а вториот по соло акција. Неколку минути по вториот гол, Иско постигна брилијантен гол.

На старто од вториот дел Хакими, со својот деби гол во дресот на Реал, зголеми на 4:0, потоа во 74.минута Гомес постигна автогол, а точка на натпреварот стави Крос.

Реал по оваа победа остана на третата позиција со 75 бода, три помалку од градскиот ривал Атлетико, додека Селта е на 13.место со 46 бода.

Scroll to Top