Top Sport

За 5 години Динамо од трансфери на играчи инкасира 175 милиони евра

Динамо Загреб е клубот кој убедливо најмногу заработува од трансфери на фудбалери во регионот, дури и кога (барем официјално) Здравко Мамиќ не го води клубот.

Последниот во низата трансфери е оној на играчот од среден ред Ловро Мајер во француски Рен за околу 12 милиони евра. Овој трансфер е петти според висината на сумата во историјата на Динамо.

Марко Пјаца замина од Динамо за 23 милиони евра, Лука Модриќ за 22,5, а Дани Олмо за 22 милиони евра. Во топ 5 е и Јошко Гвардиол – 19 милиони евра.

Во клубот од „Максимир“ во последните 5 години се слеале дури 175 милиони евра.

„Најплодна“ беше сезоната 2016/2017 кога клубот заработи дури 41 милион евра – ги продаде Пјаца во Јувентус, Брекало во Волфсбург, Брозовиќ во Интер и уште неколку „ситни“ трансфери.

Следно што се очекува како заминување од загребскиот клуб е на голманот Домагој Ливаковиќ – репрезентативниот чувар на мрежата. Неговата цена се движи меѓу 15 и 20 милиони евра.

За споредба во Србија, Црвена Звезда и Партизан од продажба на играчи заработија по околу 55 милиони евра.

Scroll to Top