Top Sport

Тухел пак прави смешки: Очекувам 50-60 гола од Лукаку пред Божиќ

Менаџерот на Челси, Томас Тухел повторно е расположен за шеги, откако пред градското дерби со Арсенал овој викенд изјави дека очекува повратникот во клубот, Ромелу Лукаку да постигне барем 50-60 гола, и тоа пред Божиќ.

Ова доаѓа неколку дена откако Германецот изјави дека е разочаран од управата на клубот што го купила само Лукаку и дека му се потребни Левандовски и Халанд во нападот.

„Се надевам дека Ромелу ќе биде на теренот во недела. Дали тој е човекот кој ни недостасуваше? Се надевам, но во исто време бараме решенија во секој меч. Сакаме да имаме силен тим, а напред ни недостасуваше човек како Ромелу. Колку голови очекувам да постигне. Барем 50-60 пред да дојде зимата“, вели Тухел.

Тухел вели Челси не се фаворити: Ги сакавме Халанд и Лукаку, а Левандовски како „десетка“

Scroll to Top