Top Sport

Хаверц донираше 200.000 евра за погодените од германските поплави

Ѕвездата на Челси, Каи Хаверц донираше 200.000 евра на германскиот Црвен крст за помош на погодените од големите поплави во неговата татковина.

Токму родниот крај на 22-годишниот Хаверц, Рајнската област беше најпогодена од полавите во јули и тој признава дека бил шокиран од состојбата на терен. Покрај донацијата, тој ќе се обиде да собере пари преку добротворни акции – ќе изработи 100 пара на копачки кои ќе бидат дадени на аукција.

Хаверц вели дека првпат слушнал за ситуацијата во телефонски разговор со неговиот татко по елиминацијата на Германија од ЕУРО 2020.

„Да бидам искрен, не ги сфатив неговите зборови сериозно, бидејќи поплавите се случуваат во тој крај. Но, кога ми ги прати фотографиите и видеата, сфатив дека е страшно. Посебно ми падна тешко бидејќи живеев на 20 минути од тоа место, пораснав там. Знам дека многумина веќе заборавија на тоа, но моето семејство живее таму и има многу бездомници кои немаат ниту каде да спијат, а нема ниту струја. Затоа мислам дека сега е добро време да се помогне“, вели Хаверц.

Scroll to Top