Бразилскиот ММА фајтер Ренан Фереира покажа дека има фантастичен удар, откако по само 31 секунда го нокаутираше Стјуарт Остин во дуел во ПФЛ федерацијата, но исто така покажа дека е вистински спортист, откако не сакаше да го „осакати“ својот британски ривал.
Фереира го погоди Остин со експлозивната десница на стартот на мечот во тешка категорија на ПФЛ плејофот на Флорида, по што имаше шанса да го доврши зашеметениот ривал на подот, но на крајот покажа милост.
За 31-годишниот Фереира ова е втора победа во три меча во ПФЛ, откако дебитираше со победа над ветеранот Фабрисио Вердум во мај оваа година.
LIGHTS OUT from the #RefCam!#PFLPlayoffs pic.twitter.com/By3mSPk89U
— PFL (@PFLMMA) August 20, 2021