Top Sport

„Сефте“ гол на Чалханоглу и за Џеко – Пандев немоќен против „своите“

Италијанскиот фудбалски шампион Интер со победа со стил, од 4-0 на својот „Џузепе Меаца“ против Џенова ја започна новата сезона во Серија А и одбраната на титулата.

Иако сега веќе поранешниот македонски фудбалски репрезентативец ги одигра сите 90 минути за гостинскиот тим, сепак не успеа да го загрози голот на Хандановиќ.

Интер се две големи промени во составот, со Един Џеко во нападот и со Хакан Чалханоглу во средината на теренот тргнаа офанзивно против Џенова.

Првиот гол во новата сезона ќе биде запишан зад името на дефанзивецот на „Нероазурите“, Милан Шкрињар. Во шестата минута, по асистенција на Чалханоглу тој прецизно стрела во мрежата на Сиригу.

Токму Чалханоглу беше стрелец на вториот погодок на мечот, во 14 минута.

Артуро Видал се израдува на погодок во 74 минута за високи 3-0, а печат на првата победа на Интер сезонава стави „новајлијата“ Един Џеко (дојде од Рома) со голот во 88 минута, токму по асистенција на Видал.

Во истиот попладневен саботен термин, во Верона истоимениот домаќин загуби од Сасуоло со 2:3.

Scroll to Top