Top Sport

Мориба се откажа од шпанската репрезентација

Тинејџерот на Барселона, Илаиш Мориба, кој во последно време е во центарот на вниманието поради неговото барање на (пре)висока плата од каталонскиот клуб, сега реши веќе да не игра за шпанската репрезентација, туку да настапува за Гвинеја.

18-годишниот Мориба е шпански државјанин и настапуваше за Шпанија во младинските категории, но по состанокот на неговиот татко со Фудбалската федерација на Гвинеја, реши да настапува за земјата каде што е роден, иако во 2017 година ги одби.

Според шпанскиот „АС“, Мориба ќе биде дел од репрезентацијата на Гвинеја на мечевите против Мароко и Гвинеја-Бисау следниот месец. Мориба дојде во Барса од Еспањол во 2010, откако се пресели во Шпанија како дете.

Во Барселона бесни на Мориба – бара 100.000 евра плата

Scroll to Top