Top Sport

Претседателот на Баерн се чуди на ПСЖ и финансискиот ферплеј

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер призна дека „уште не може да разбере“ како Пари Сен-Жермен успеале да донесат звучни имиња и да останат во рамките на финансискиот ферплеј (ФФП) на УЕФА.

На „Паркот на принцовите“ пристигнаа Лионел Меси, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума на слободни трансфери, а го купија и Ашраф Хакими за 70 милиони евра од Интер. Хајнер смета дека е невозможно катарските газди да ги почитуваат правилата за ФФП.

„Уште се обидувам да разберам што се случува со финансискиот ферплеј. ПСЖ го обнови тимот и сега разгледуваме како тоа може да се помири со правилата на УЕФА. Ние се придржуваме до тие правила и очекуваме и другите да го прават истото. Не сакам да ги судам Париз, но трансферите се неверојатни. Не се работи за парите за трансфери, туку за платите. Кога ќе чујам дека Меси заработува 40 милиони евра нето, тоа е 80 милиони евра бруто. Тука се и Хакими, Рамос, Донарума, се собира“, вели Хајнер за „Билд“.

Scroll to Top