Top Sport

Куман се жали: Без Меси, не се плашат од Барса

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона предивика ривалите сега помалку да се плашат од каталонскиот клуб, признава тренерот Роналд Куман, кој вели дека веќе ја немаат психолошката предност.

По победата во првиот меч од новата сезона во Ла лига против Реал Сосиедад, вчера Барса одигра тешко и фрустрирачко реми со Атлетик Билбао (1:1) и Куман признава дека не е исто без Аргентинецот.

„Не сакам постојано да зборувам за исти работи, но зборуваме за најдобриот на светот. Нашите противници беа поисплашени кога Меси беше тука. И за нас беше полесно, додади ја топката до Лео и обично немаше да ја изгуби. Може да се забележи дека го нема, но не можеме да го смениме тоа“, вели Куман.

Scroll to Top