Тренерот на Наполи, Лучано Спалети контактирал со фудбалерот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ, во обид да го убеди да се приклучи на „партенопеи“.
Босанскиот репрезентативец си замина од Јувентус минатото лето, но во Барселона не успеа да се наметне во тимот, и Роналд Куман подолго време бара купувач за него. Според „Ил кореире дело спорт“, Наполи се многу блиску до потпис со 30-годишниот Пјаниќ, иако и за нив, исто како и за Јувентус претходно, главен проблем е платата од 6 милиони евра годишно.
Барселона се подготвени да соработуваат и да го дадат Пјаниќ барем на позајмица, иако има договор со клубот до јуни 2024 година.
#Spalletti telefona a #Pjanic: la richiesta a sorpresa sul #Napoli ❗? https://t.co/8ICZLXpZgo
— Corriere dello Sport (@CorSport) August 22, 2021