Top Sport

Неверојатно! Кубица остана без победа на 24 Часа Ле Ман во последниот круг!

Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез се победници на славната трка на изддржливост 24 Часа Ле Ман со болидот број 7 на Тојота, откако нивните колеги, Роберт Кубица, Луј Делетра и Јифеи Ји го загубија водството во последниот круг, откако нивниот автомобил едноставно застана.

Автомобилите на Тојота беа суспериорни во текот на исцрпувачката трка, и утеха за Кубица, Делетра и Ји е тоа што сепак го заддржуваат второто место во генерален пласман, бидејќи беа на четири круга пред првиот ривал од Алпине. Ова е четврта последователна победа на Тојота на славната трка.

Супер-драматично беше и во ЛМП2 класата, каде што исто така победи Тојота со триото Фрајнс, Хабсбург и Милеси со само неколку метри предност (0.727 секунди) пред Бломквист, Гелел и Вандорн во тимот на Жота.

Scroll to Top