Ромелу Лукаку обожава да постигнува голови. Но, очигледно и да го бакнува грбот на клубот за кој игра.
Англиските критичари веднаш го забележија ова откако тој го постигна првиот гол за 2:0 победата на гости кај Арсенал, негов прв официјален гол за Челси по враќањето во Лондон кое ги чинеше „сините“ 115 милиони евра. Бидејќи во првите 15 настапи пред 10 години за Челси немаше гол, ова беше прв гол за неговиот клуб од детството.
По бакнежот на грбот, навивачите на Вест Бромвич Албион, Евертон, Манчестер јунајтед и Интер посочија дека тоа го направи и во тие тимови.
Romelu Lukaku has no shame… ?#ARSCHE pic.twitter.com/DITB0JgEw8
— BettingOdds (@BettingOddsUK) August 22, 2021