Шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид има совршен старт на новата сезона шампионат, откако во два меча стигна до две победи по 1:0 триумфот над Елче, а стрелец на сите три гола досега во шампионатот е неверојатниот Анхел Кореа.
Аргентинецот беше прецизен во 39. минута од мечот на „Ванда метрополитано“, за сега има вкупно 8 гола во последните 10 меча за „рохибланкос“, еден повеќе од претходните 63 настапи во клубот, во кои имаше 7 гола.
Сепак, ова е одлична вест за тимот на Диего Симеоне, кој е на првото место на табелата по две кола со шест поени, остварување кое можат да го достигнат само Реал Мадрид (ако вечерва ги победат Леванте) и Севилја (ако утре победат на гостувањето кај Хетафе).
Standings provided by SofaScore LiveScore