Top Sport

Јунајтед го пратија Брендон Вилијамс во Норич

Откако не успеа да избори место во стартните 11 на Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ го пуштија левиот бек Брендон Вилијамс на позајмица во Норич сити за сезоната 2021/22.

Англискиот репрезентативец до 21 година, произлезе од академијата на Јунајтед и првпат доби шанса во првиот тим во 2019 година. На почетокот, тој беше релативно стандарден кај Оле Гунар Солскјер, но минатата сезона ја загуби оваа позиција.

„Ова е првпат да играм за друг клуб освен Јунајтед, но подготвен сум да имам добра сезона. Норич се клуб кој сака да игра атрактивен фудбал и мислам дека имаат тренер кој може да ми помогне“, изјави 20-годишиот Вилијамс за тренерот Даниел Фарки.

Вилијамс има одиграно 50 меча за Јунајтед со 1 гол и 3 асистенции, но имаше само четири меча во Премиер лигата лани, а досега беше замена за Лук Шо и Алекс Телес.

Scroll to Top