Top Sport

Синот на Пирло ликува на Инстаграм: Гледате дека вината не е кај еден човек

Николо Пирло, синот на поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, со еден пост на социјалните мрежи предизвика бура на реакции во Италија, прашувајќи што ќе бешевчерашното 2:2 реми против Удинезе да се случеше минатата сезона.

Пирло пристигна како тренер на Јувентус без тренерско искуство минатото лето, и беше отпуштен откако едвај заврши на четвртото место во Серија А, губејќи ја титулата од Интер. На негово место се врати Масимилијано Алегри, но стартот на новата сезона не беше најдобар – Јуве пропушти 0:2 водство на „Дачија арената“, а на Кристијано Роналдо му беше поништен гол во 94. минута од мечот.

18-годишниот Николо е можеше да се возддржи.

„Фудбалот е убав бидејќи ако Јувентус доживеше такво враќање минатата сезона, ќе беше вина само на еден човек. Меѓутоа, тој човек веќе не е таму“, напиша Николо Пирло со фотографија од неговиот татко.

Тој бргу ја избриша пораката, но таа веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Scroll to Top