Top Sport

Ливерпул не го пушта Салах во Египет

Ливерпул одбија да му дозволат на Мохамед Салах да настапи на мечевите на Египет во квалификациите за Светското првенство во 2022, потврдија од Египетската фудбалска федерација.

Египет се наоѓа на „црвената листа“ на Велика Британија, што значи дека Салах ќе треба да биде во карантин по враќањето од Каиро и да пропушти барем два меча од Премиер лигата. Египет треба да играат со Ангола во Каиро на 2 септември, пред да гостуваат кај Габон во Франсвил три дена подоцна.

„Ќе продолжиме со контактите со ФИФА за да овозможиме интернационалците да бидат изземени од ограничувањата во земјите каде што играат“, се вели во објавата на федерацијата.

Ливерпул претходно исто така не го пушти Салах да настапи на Олимписките игри во Токио, за што клубовите не се обврзани да ги пуштаат своите фудбалери. Салах беше позитивен на КОВИД во ноември, кога беше во Каиро на свадбата на својот брат.

Scroll to Top