Top Sport

„Кралевите“ на 11. септември против Селта се враќаат на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид на 11. септември ќе ја нагости Селта Виго и тоа ќе биде првиот домашен меч оваа сезона. Реал сезоната ја започна со две гостувања. Победа со 4-1 кај Алавес и реми 3-3 со Леванте. Овој викенд „Кралевите“ гостуваат кај Бетис.

Уште од почетокот на пандемијата во 2020 година додека се реновира „Сантијаго Бернабеу“, мадридскиот клуб како домашен стадион го користи помошниот „Алфредо Ди Стефано“.

Капацитетот на легендарниот мадридски стадион ќе остане 81.000 места, но со потполно нов надворешен изглед и бројни нови атракции како што е голем екран од 360 степени, шопинг центар, хотел, нови ресторани и подземна гаража на 5 нивоа.

На стадионот има уште многу работа, од Реал очекуваат во целост да биде завршена реконструкцијата до крајот на 2022 или почетокот на 2023 година.

Шпанските медиуми пишуваат дека на стадионот се работи 24 часа на ден, со повеќе од 800 работници.
Моментно се средува тревникот. Реал во моментов настојува да осигура капацитет за 35.000 гледачи колку ќе им биде дозволено поради мерките поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top