Малку недостасува белградски Партизан да го состави тимот за следната сезона.
Со доаѓањето на Жељко Обрадовиќ на кормилото на клубот многу играчи беа поврзувани со „црно-белиот“ состав, а последно име е репрезентативецот на Хрватска, 32 годишниот центар Миро Билан кој минатата сезона настапуваше за Динамо Сасари.
Искусниот хрватски кошаркар својата професионална кариера ја започна во Шибеник, а подоцна настапуваше и за Задар, Цедевита, Стразбур и Асвел.
Член на селекцијата на „коцкастите“ е од 2014 година.