Top Sport

Словенија има „нов Лука Дончиќ“ – 16 годишниот Јан Виде

На неодамна завршениот ФИБА Челинџер во Нови Сад вниманието на светската кошаркарска јавност го сврте фантастичниот Словенец – Јан Виде.

Кадетот на „змејчеките“ го нарекуваат „нов Лука Дончиќ“. На теренот е страшен.

Неговата сличност со НБА ѕвездата е во тоа што тој е член на Реал Мадрид, на истото место каде тргна светската кариера на Дончиќ.

Јан Виде е роден на 15. јануари 2005 година, висок е 188 сантиметри и игра на позиција бек.

На мечот против Словенија уфрли дури 38 поени.

Погледнете ги игрите на талентираниот Словенец:

Scroll to Top