Англиската Премиерлига пријави 16 позитивни случаи на Ковид 19 во рок од една недела. Теститани биле 3.060 луѓе во првите две кола, меѓу 16. и 22. август.
По првото коло позитивни биле 12, а по второто уште четворица луѓе, пренесе сајтот „Portstar.thehindu”.
Премиерлигата е обврзана своите членови да ги тестира двапати неделно.
Од фудбалерите познато е дека позитивни на вирусот се Кристијан Пулишиќ од Челси и Бен Вајт од Арсенал.