Уругвајскиот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде потпиша продолжување на договорот со „кралевите“ до 2027 година со откупна клаузула од фантастични милијарда евра.
23-годишниот Валверде веќе шест години е во Реал, откако пристигна како тинејџер од Пењарол, и стана клучен член на првиот тим. Тој веќе имаше договор со Реал до 2025, но се согласи на уште две дополнителни сезони на „Сантијаго Бернабеу“.
Претходно ова лето, Начо Фернандез и Карим Бензема добија едногодишно продолжување на договорот до 2023, Дани Карвахал продолжи до 2025, додека Тибо Куртоа има нов петгодишен договор. Лука Модриќ пак, потпиша едногодишно продолжување на договорот.
? #Valverde2027 pic.twitter.com/qGXPVE0RiW
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) August 24, 2021