Top Sport

Кјер и данските лекари ќе го добијат претседателскиот медал на УЕФА

Фудбалерот на Милан и капитен на данската фудбалска репрезентација, Симон Кјер и лекарскиот тим на данската репрезентација се добитници на претседателскиот медал на УЕФА, откако помогнаа да се спаси животот на Кристијан Ериксен на ЕУРО 2020.

Ериксен колабираше со срцев напад во првиот меч на турнирот против Финска, но брзата реакција на Кјер и на лекарите успеаја да го вратат во живот. Кјер доби пофалби за своите „исклучителни лидерски квалитети“ во тој момент, кога првиот се обиде да го врати Ериксен во живот со масажа, а потоа им нареди на играчите да го заштитат Ериксен од медиумите и отиде кај партнерката на фудбалерот.

„Оваа година, претседателската награда го надминува фудбалот. Како важен и постојан потсетик колку е драгоцен животот и колку работите треба да се гледаат со перспектива. Во исто време сакам да му посакам многу здравје на Кристијан Ериксен и неговото семејство“, вели претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Покрај Кјер наградата ја добиваат Могенс Кројцфелд, Фредерик Фленстед, Андерс Босен, Педер Ерсгард, Јенс Клајнфелд, Валентин Великов, Мортен Скјолдер и Мортен Босен.

Scroll to Top