Top Sport

Халанд преку Раиола од Челси барал годишна плата од 50 милиони евра

Лондонски Челси и нудел на Борусија Дортмунд 115 милиони евра за трансфер на Норвежанецот, Ерлинг Халанд (21), но до договор не дојде.

Новинарот на „Билд“ – Кристијан Фалк открива кои биле условите кои ги барал голгетерот за премин во европскиот шампион.

Мино Раиола – агентот на Халанд и таткото на норвешкиот фудбалер барале платата на младиот играч да биде 50 милиони евра годишно.

Тоа би била најголемата плата на некој фудбалер во историјата.

Згора на тоа, Раиола и Халанд – сениор барале и провизија од 40 милиони евра.

Ваквите суми се превисоки дури и за Роман Абрамович, па Русинот се сврте кон Интер од каде го доведе Ромелу Лукаку.

Договорот на Халанд со „милионерите“ е до 2024 година, а следната година се активира клаузулата по која тој може да си оди од клубот за 75 милиони евра.

Scroll to Top