Селекторот на машката македонска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски попладнево го објави списокот на повикани фудбалери за септемвриските квалификациски натпревари за Мундијалот во Катар во 2022 година.
Интересен е податокот што по долги години во составот ќе го нема Горан Пандев (се прости од националниот тим), а во селекцијата се враќа Адис Јаховиќ.
Поради повреда во списокот не фигурира името и на Илија Несторовски (Удинезе), додека Бобан Николов и Аријан Адеми се на списокот, но се уште се под знак прашање. Првиот е позитивен на Ковид 19, а капитенот на Динамо Загреб е повреден.
Голмани за овие дуели се:
Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Ристе Јанков (Работнички)
Одбраната ќе ја предводат:
Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија)
Во средниот ред ќе конкурираат:
Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов * (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми * (Динамо Загреб, Хрватска)
Нападот се состои од 6 фудбалери:
Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија)
Собирот на македонската репрезентација е закажан за 29. август во хотел „Хилтон“ во Скопје. Распоредот на натпревари е: 2. септември, Македонија – Ерменија, 5. септември, Исланд – Македонија и 8. септември, Македонија – Романија.