ФИФА за Светското првенство делегирала судија што се наоѓа под истрага во својата земја. Фахад ал Мирдаси, вечра требало да го суди Куп финалето во Саудиска Арабија, меѓутоа бидејќи бил под истрага натпреварот му бил доделен на друг арбитар.
Оваа информација ја потврди Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија без да соопшти за каков збор на истрага станува збор. Истрагата против судијата Ал Мирдаси ја одобрил и Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија.
Ал Мирдаси, лани на Купто на Конфедерации, го судеше натпреварот за третото место помеѓу Португалија и Мексико. Исто така судел и фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Ал Мирдаси е еден од 36-мината гавни судии што се делегирани од ФИФА за Светското првенство што ќе започне на 14.јуни.