Top Sport

Наполи титулата ја изгуби в хотел, не на теренот

Наполи, имаше шанси, но не успеа да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија. Наполитанците во 34.коло го победија конкурентот во Торино и разбудија надежите за шампионската титула, меѓутоа веќе во наредното коло со поразот од Фиорентина шансите за скудетото ги сведоа на теорија.

Тоа 35.коло беше клучно за Јувентус и Наполи, единствените тимо што останаа во борбата за титулата. Јувентус, во големото дерби во Милано, успеа да го победи Интер 3.2, со пресврт во псоледните пет минути.

Ден подоцна, Наполи гостуваше во Фиренца и не успа да освои ниту бод. Фиорентина победи 3:0.

„Требаше порано да заминеме на спиење. Тимот доживеа психолошки удар поради начинот на кој Јувентус победи кај Интер. Разочаран сум бидејќи титулата ја изгубивме во хотелот, а не на теренот. Мораме да бидеме ментално посилни, а помалку чувствителни, меѓутоа мора и Серија А да напредува. Во последните 16 кола, 14 пати нашиот термин беше после оној на Јувентус. Поголем дел од тие натпревар Јувентус ги доби што нас само ни ги отежна работите. Не можам да кажам дека Јувентус е најдобриот тим и дека ја заслужи титулата, бидејќи малку ги гледав сезонава. Во секој случај се најмоќни“, рекол тренерот на Наполи Маурицио Сари по победата над Сампдорија и ремито на Рома и Јувентус, по кое „старата дама“ и теоретски ја обезбеди титулата во Серија А.

Scroll to Top