Два дена по завршувањето на сезоната во Бундеслигата, Штутгарт потпиша договори со седуммина фудбалери. Сезоната 2017/2018, Штутгатрт, ја заврши на седимата позиција.
Прв договор со „швабите“ потпиша 20-годишниот десен бек на Манчестер сити, Пабло мафео, а потоа потписите на договорите ги ставија Емилиано Инсуа и Јенс Грал.
Марк-Оливер Кемф (23), како слободен играч пристигнал од Ајнтрахт Франкфурт. Од Динамо Загреб ја засили левата бековска позиција, со 20-годишниот Борна Соса.. Нов играч на Штутрагт е и 18-годишниот Давид копач.
Во текот на денот во клубот ќе пристигне и 17-годишниот Роберто Масимо, сега веќе екс играч на Арминија Билефелд.
Клубот со овоие трансфери ги најавува високите амбиции во наредната сезона.