Top Sport

Мурињо од наредната сезона нема да има асистент

Жозе Мурињо нема веднаш да назначи нов асистент, откако Руи Фарија ќе го напушти Манчестер јунајтед. Фарија, кој е „десна рака“ на Мурињо во изминатите 17 години, по финалето на ФА купот ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Можно е местото да го поплни Мајкл Керик, кој по завршувањето на сезоната ќе ја заврши својата кариера.

„Нема да постои функцијата втор менаџер. Ќе го организирам својот стручен штаб така што нема да имам асистент. Ќе имам тренери кои се специјализирани за одредени области, ќе имаме аналитичар, но ќе немам асистент менаџер. Никој не би можел да го замени Фарија по 17 години, не постои таква личност во светот на фудбалот“, рекол Мурињо и дополнил.

„Причината е и таа што во иднина, кога ќе добие лиценца, таа позиција би можела да му припадне на Мајкл Керик. Луѓето мислат дека тоа е лесно, еден ден да бидеш фудбалер, а веќе наредниот тренер. Не е лесно“.

Инаку, Руи Фарија, според англиските медиуми е еден од главните кандидати за менаџерската функција во Арсенал.

Scroll to Top