Top Sport

Ферстапен: Белгија е местото каде може да се вратиме во борба за титула!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен вели дека ќе даде се од себе да го надополни заостанувањето зад Луис Хамилтон во Ф1 шампионатот. По летната пауза овој викенд продолжувааат Формула 1 возбудувањата со трката за Големата награда на Белгија.

По 11 трки сезонава Хамилтон има 8 бодови предност пред Холанѓанецот.

„Имаше многу чудни моменти кои не чинеа голем број бодови, но повторно ќе бидеме таму, ќе дадам се од себе и се надевам дека мојот болид ќе е конкурентен“ вели Ферстапен.

Тој смета дека ќе има многу поддршка од навивачите на „СПА“ – патеката која не е многу одалечена од Холандија.

„Ќе биде убаво да се види портокалова боја на трибините. Ова е добро место каде можеме да се вратиме во борбата за титулата, добро сум подготвен“ – вели 23-годишниот возач.


Хамилтон во Белгија ќе се обиде да дојде до 100-тата победа во кариерата во Формула 1.

Британецот е шампион во Ф1 четири сезони во низа, но оваа сезона има силна конкуренција.

„Ова е една од најнеизвесните сезони откако паметам. Битката не е готова. Нашиот болид е подобар по надградувањата на Силверстоун“ вели директорот на Мерцедес, Тото Волф.

Минатата сезона Хамилтон по четврти пат победи на „СПА“.
Трката е во недела со почеток од 15 часот.

Scroll to Top