Американската пливачка Анастасија Пагонис освои златен медал на Параолимписките игри во Токио и го собори светскиот рекорд.
Таа на трката 400 метри слободно на целта стигна со време 4:54.49.
Пагонис на тој начин го собори сопствениот светски рекорд кој го постави во јуни на американските квалификации. Тогаш пливаше со време 4:58.40.
Цели 10,85 секунди зад неа на целта стигна Лисет Бруинс од Холандија.
Пагонис има 17 години и таа им го донесе првото злато на САД на Параолимпијадата во Токио.
Сјајната пливачка ја чекаат трките на 50 и 100 метри слободен стил, како и 200 метри мешано.