Top Sport

Рој Кин: Не би играл ни за Клоп ни за Гвардиола!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ги воодушеви навивачите на „црвените ѓаволи“ одговарајќи на прашање дали попрво би играл за тимот на Јирген Клоп или за Пеп Гвардиола.

Играчот од средниот ред кој од 1993 до 2005 година го носеше дресот на Јунајтед во ерата на Сер Алекс Фергусон и понатаму е голем навивач на овој клуб, па неговиот одговор не е изненадување.

„Веројатно ниту за едниот ниту за другиот, затоа што тоа би значело дека ќе морам да играм за Ливерпул или Манчестер Сити“ рече Кин.

Ирецот со Манчестер Јунајтед освои 17 титули, а меѓу нив 7 во Премиерлигата и една во ЛШ.

Scroll to Top