Екипата на Фрајбург е пријатно изненадување по првите 3 кола во германската Бундеслига сезонава. Откако денеска славеа со 3-2 на гостувањето кај Штутгард, момците во „црвено-црно“ се на врвот на табелата со 7 бода од можни 9.
Јеонг-Во Јеун со два брзи гола, во 3. и во 9. минута донесе убава предноста за Фрајбург против „швабите“. Во 29 минута Холер зголеми на 3-0 и уште тогаш се чинеше дека трите бода ќе патуваат кон Фрајбург.
Сепак домашните најпрво преку Мавропанос во 45 минута, а подоцна и преку Ал Гадуи во втората минута од судиското надополнување на првиот дел стигнаа до 2-3.
Сепак во вториот дел немаше погодоци иако поседот на топката беше во предност за Штутгарт.
На врвот на Бундеслигата, барем засега по некомплетно 3. коло се и фудбалерите на Баер Леверкузен. Тие како гости беа убедливи кај Аугсбург и славеа победа со 4-1.
Интересно е што Баер до предност од 2-0 дојде со два гола на домашните фудбалери во 3. и во 14. минута.
Во 30 минута Ниделехер намали на 1-2, но чешкиот голгетер Патрик Шик со новиот погодок во 75 минута повторно зголеми на два разлика 1-3.
Конечниот резултат беше дело на Вирц во 81 минута.
На останатите натпревари во стандардниот саботен термин, Келн пред своите навивачи го 2-1 беше поуспешен од Бохум, Мајнц на својот стадион беше убедлив против Гројтер Фурт, 3:0.
Без победник 1-1 заврши мечот во Билефилд, меѓу Арминија и Ајнтрахт Франкфурт.