Завршија петте меча во англиската Премиерлига што започнаа во стандардниот саботен термин од 16 часот. Три од нив завршија нерешено, а на два дуели се радуваа гостите. Њукасл имаше убава можност да слави пред своите фанови, но примија гол од пенал во 96 минута.
Попладнево на 3 бода се радуваше тимот на Евертон, и тоа нагости кај Брајтон, со 2-0.
Победата на популарните „карамели“ ја донесоа погодокот на Греј во 41 минута, како и голот од пенал на Калверт-Луин во 57 минута.
Триумф попладнево забележа и тимот на Лестер, нагости кај Норич минимално со 2-1 иако „канаринците“ во 80 минута изедначија на 2-2, но погодокот беше поништен поради офсајд.
Претходно Џејми Варди уште во осмата минута донесе гостинска предност, на што возврати Тимо Пуки со гол од белата точка во 44 минута за 1-1 на полувреме.
Голот вреден три поени го постигна Албрингтон во 77 минута.
Иако Вест Хем денеска освои само бод на свој терен против Кристал Палас, „чеканите“ заедно со Евертон се лидери по некомплетното трето коло со 7 поени од 3 меча.
Форналс погоди во 39 минута за 1-0 на асистенција на Мајкл Антонио.
Во 58 минута Галагер израмни на 1-1.
Но токму Антонио во 68 минута повторно носи предност за Вест Хем.
Бодот за Палас го обезбеди Галагер со својот втор погодок на мечот.
На преостанатите два меча Њукасл со гол примен во 96 минута стигна само до 2-2 против Саутемптон.
Алан Сент-Максимин погоди за радост на домашната публика во 91 минута за 2-1, но радоста им ја скрати Вард-Проус во последните моменти.
Претходно во 55 минута Вилсон погоди за 1-0, а израмнувањето беше дело на Елунузи во 74 минута.
Поделба на пленот имаше на „Вила парк“, каде тимот на Астон Вила одигра 1-1 со екипата на Брентфорд.