Top Sport

Фулам ќе се бори за пласман во Премиерлигата (Видео)

Фудбалерите на Фулам, во полу-финалниот бараж, го минаа Дерби каунти и се пласираа во финалето на „Вембли“, каде ќе се борат за влез во Премиерлигата. Ова е прв пат Фулам да го мине полу-финалниот бараж, откако во претходните четири обиди не успеваше да се избори за завршниот меч.

Фулам на својот „Крејвен Котиџ“, успеа да го надополни минусот од еден гол што го имаше по првиот натпревар.

Избраниците на српскиот тренер Славиша Јокановиќ, славеа во реваншот, со 2:0, блгодарение на тинејџерот Рајан Сесињон.

Момчето кое за три дена ќе наполни 18 години во победата учествуваше со гол и асистенција.

Откако во првиот дел Фулам пропушти неколку добри шанси за водство, одличниот Карсон на голот на Дерби каунти, го совлада Сесињон во 47.минута. Тенејџерот, 20 минути подоцна, го изведе корнерот, по кој Белгиецот Одои зголеми на 2:0.

До крајот резултатот не се менуваше, па Фулам избори финале на „Вембли“, на 26.мај. Таму противник ќе му биде Мидлсброу или Астон Вила. По првиот меч Астон Вила има предност од 1:0, а реваншот на програмата е вечерва.

Пласман во Премиерлигата веќе изборија Вулверхемптон и Кардиф сити.

Scroll to Top