Top Sport

Хет-трик на Имобиле за потоп на Специја на „Олимпико“

Римски Лацио експлодираше на стартот на новата сезона во Серија А. Избраниците на Маурицио Сари по првите две кола имаат импресивна гол разлика 9-2 и максимални 6 бода.

По триумфот над Емполи со 3-1 нагости, денеска „небесносините“ со преубедливи 6-1 на својот стадион го декласираа тимот на Специја.

„Прва виолина“ очекуван беше капитенот Чиро Имобиле кој постигна хет-трик иако во 45 минута најпрво промаши пенал, но веднаш потоа се поправи.

Преостанатите 3 гола за лацијалите ги постигнаа Андерсон, Хисај и Луис Алберто, во вториот дел од мечот.

Почесниот погодок за гостите беше дело на Верде уште во 4 минута, само 1 минута пред Имобиле да го постигне првиот од трите погодоци.

Вредно да се одбележи е црвениот картон во тимот на Специја што го заработи Амиан во 54 минута.

Лацио засега е на врвот на табелата, а Специја е во долниот дел со 1 освоен бод, на гостувањето во Сардинија кај Каљари.

Во истиот термин, Аталанта во Бергамо одигра без голови против екипата на Болоња, што е несвоствено за „црно-сините“ кои важат за многу ефикасен тим во Калчото.

Scroll to Top