Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, а сега прв човек на Рома, Жозе Мурињо вели дека враќањето на неговиот португалски сонародник Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ претставува „совршен бизнис“.
Роналдо во петокот го комплетираше неверојатното враќање во клубот кој го направи славен за првични 15 милиони евра и Мурињо го одобрува трансферот.
„Единствено нешто што можам да го кажам е основно и логично – ако Јуве се задоволни, ако Кристијано е задоволен и Јунајтед се задоволни, тогаш тоа е совршен бизнис. Нема потреба да се трошат зборови за Кристијано. Веќе 20 години тој пишува историја, нема што друго да се каже“, вели Мурињо.