Top Sport

Трагедија во Калининград – руски голман починал по судир со противнички фудбалер!

Во саботата во Калининград, на пријателски меч помеѓу два локални клубови, Балтика и Краснаја Звјазда Совјетск, се случи трагедија, откако голманот на Краснаја Звјазда, Александер Шишмарев го загубил животот по судир со противнички фудбалер.

Руските медиуми објавуваат дека лекарите на Балтика се обидувале да го вратат во живот Шишмарев, а не помогнал ниту медицинскиот тим од клиниката во Калининград.

Според нивните информации, Шишмарев излегол во обид да одбрани една топка, по што се судрил со противнички фудбалер и паднале незгодно на теренот. По 15 минути пристигнала првата помош, но не успеале да го вратат во живот, објавува рускиот „Спорт експрес“.

Scroll to Top