Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Нани во интервју за „Гол“ зборува за првиот пат кога го сретнал Кристијано Роналдо и како со него во тимот никогаш не се плашел од своите противници.
Луис Нани имаше 12 години кога беше на тест со Спортинг Лисабон, каде што Роналдо како тинејџер го привлекуваше вниманието на јавноста. Тој објаснува како на еден младински натпревар, Роналдо бил во солзи кога не добил слободен удар, по што тренерот го искарал, и тој се вратил и дал гол со петица.
„Кога го видов Роналдо тој ден и како се однесуваше, веднаш знаев дека е нешто посебно во однос на другите деца. Сите велеа дека тој ќе биде најдобриот и почнав да работам напорно а да бидам како него“, вели Нани.
Тој дебитираше за Спортинг во 2005 година, и по две сезони за 25.5 милиони беше продаден на Манчестер јунајтед, играјќи покрај Роналдо.
„Беше прекрасно. Заедно со Андерсон бевме тројца млади фудбалери кои сакавме да бидеме подобри секој нареден меч. Кога го имаш него во тимот, не се плашиш од ништо. Тоа е најдоброто чувство на светот. Секогаш си подготвен да одиш на победа“, вели Нани.
34-годишниот Португалец освои четири лигашки титули под Сер Алекс Фергусон, но неговата кариера уште не е завршена – тој е активен со Орландо сити во МЛС лигата, во која досега во 16 натпревари има 9 гола и 6 асистенции. Која е тајната на долговечноста?
„Само работам напорно, го оддржувам здравјето и играм. Фокусот е да се продолжи и со искуството како да го третираш своето тело, потребна ти е само мотивација. Ако си здрав, можеш да играш“, вели Нани.