Top Sport

Вилијан се откажа од 20 милиони фунти за да замине во Коринтијанс

Директорите на Арсенал биле шокирани што бразилската ѕвезда, Вилијан се согласи да го раскине својот договор без да добие милионска отштета од клубот, за да се врати во татковината со трансфер во Коринтијанс.

33-годишниот Вилијан дојде на слободен трансфер од Челси, потпишувајќи богат договор со неделна плата од 240.000 фунти, но наместо да бара исплата на парите, според „Скај спортс“ решил да се откаже од парите за да потпише за Коринтијанс.

Бразилецот сакал да замине од Премиер лигата со „високо крената глава“ и е подготвен да добива 70 отсто помала плата во својот клуб од детството.

Scroll to Top