Тренерот на Наполи, Лучано Спалети вели дека неговиот тим ја заслужил 2:1 победата на гости кај Џенова, иако до резултатот стигнаа со малку среќа откако голот на Горан Пандев беше поништен поради фаул над голманот Алекс Мерет.
„Секако дека беше фаул, бидејќи нафрлањето беше над напаѓачот, кој го сврти грбот и бараше контакт со голманот наместо со топката. Голманот ја пушта топката само бидејќи има контакт со напаѓачот. Нема поента да се обидуваме да се убедуваме дека не беше фаул“, вели Спалети.
Давиде Балардини, тренерот на Џенова, нормално, не се согласува.
„Голот на Пандев? Мислам дека не беше фаул. Видов 4-5 фудбалери на Наполи како се смееја, но нема да посочувам имиња. За мене, Пандев е најмладиот во нашиот тим. Бехрами и Сиригу се исто така пример за младите луѓе. Кога е во ваква форма, секогаш ќе игра“, вели Балардини.
Контроверзно поништен гол на Пандев, Наполи однесе три поени од Џенова во „македонското“ дерби