Top Sport

Голманот на Ремс Рајковиќ го сликаше својот син со Меси

Лионел Меси, синоќа синоќа дебитираше за ПСЖ. Аргентинецот, во Ремс, на теренот влезе во 66.минута. „Светците“, со головите на Килијан Мбапе славеа победа 2:0.

По завршувањето на натпреварот српскиот репрезентативен голман, Предраг Рајковиќ, со својот син застана пред Аргентинецот, го извади мобилниот телефон и направи неколку фотографии.

Меси, пред три недели, како слободен играч, од Барселона се пресели во ПСЖ. Аргентинецот од својата 13 година беше член на Барселона.

Scroll to Top