Реал Мадрид наскоро ќе го реализира трансферот на Едуардо Камавинга. Еден од најталентираните играчи од Европа во Мадрид ќе се пресели за 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси, тврди трансфер експертот, новинарот Фабрицио Романо.
Камавинга, во наредните денови, ќе пристигне во Мадрид. Романо додава, дека играчот на Рен, го избрал Реал пред ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Камавинга е најмладиот дебитант во историјата на Рен. За сениорскиот тим првиот настап го имал на 16 годишна возраст. За овој тим тој има одиграно 100 натпревари.
За репрезентацијата на Франција дебитираше во септември минатата година.