Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска-Бикова, го освои шестото место, во финалето, во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.
Наковска-Бикова, во финалето влезе од осмата позиција, на крајот со резултат 147,9 заврши на шестото место.
Првото место во оваа дисциплина го освои Иранката Јаванмарди, второто место и припадна на Турчинката Пехливанлар, додека бронзата заврши кај Унгарката Давид.
Оливера Наковска-Бикова во наредните денови ќе настапи во дисциплините 25 и 50 метри пиштол.