Top Sport

Капитенот го продолжи договорот со Ливерпул

Ливерпул не беа многу активни на трансфер пазарот ова лето, туку се насочија кон продолжувањето на договорите на главните играчи. По Алисон Бекер, Тренет Александер-Арнолд, Енди Робертсон и Вирџил Ван Дајк, нов договор потпиша и капитенот Џордан Хендерсон.

Договорот на Хендерсон со Ливерпул истекува во јуни следната година. Иако имаше најави дека тој нема да го продолжи договорот и дека е можно да замине во Атлетико Мадрид, сепак тоа не се случи.

Хендерсон ја продолжил соработката со Ливерпул до јуни 2025 година.

Џордан Хендерсон стана играч на Ливерпул во 2011 година, кога „црвените“ за наго на Сандерленд им платија 20 милиони фунти.

Scroll to Top