Ентони Џошуа во сабота ќе влезе во рингот најтежок во својата кариера, во обид да ги одбрани ВБА и ИБФ титулите во тешка категорија против Карлос Такам на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф.
Џошуа имаше 115 килограми на петочното мерење, додека францускиот предизвикувач Такам е далеку послаб со 106 килограми.
Саботниот меч е прв за Џошуа по спектакуларната победа над Владимир Кличко на „Вембли“ во април, кога се постави како „крал“ во тешката кетгорија. Покрај фантастичната финансиска награда (над 30 милиони фунти) и позицијата на еден од најпопуларните британски боксери, олимпискиот шампион вели дека е време за нови предизвици.
„Ќе мораме да го ставиме мечот со Кличко на страна. Боксот не простува, тоа беше тогаш, ова е сега. Карлос е поинаков противник според стилот, техниката и подготовките и затоа сè е поинаку. Егото ми е смирено, нозете се на земја. Уште сум гладен“, изјави Џошуа (19-0, 18 КО).
FACE OFF | @anthonyfjoshua vs Carlos Takam, The World Heavyweight Championship is on the line tomorrow night! ? #JoshuaTakam pic.twitter.com/sF8exKPasy
— Matchroom Boxing (@MatchroomBoxing) October 27, 2017
За разлика од многу боксерски фарси, овојпат имаше меѓусебна почит меѓу боксерите, откако двајцата имаа долго ракување при соочувањето лице-во-лице.
36-годишниот Французин роден во Камерун, Такам, беше повикан како замена за бугарскиот боксер Кубрат Пулев, кој се повлече на само 12 дена пред мечот поради повреда на мускулот на раката. Такам во кариерата има 35-1-3 скор и верува дека искуството ќе биде негов адут.
„Ќе се потпрам на моето искуство против Ентони. Знам дека тој е млад боксер кој сака да оди во напад. Ќе се обидам да го сопрам за победа“, вели Такам.
Подолу можете да ги погледнете најдобрите моменти во рингот на двајцата боксери.
And so it begins #AJBXNG
? https://t.co/2sVktQ5ha8 pic.twitter.com/EzpC7mgx44— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) October 25, 2017