Top Sport

Милан го купија Адли, па веднаш го „оставија“ во Бордо

Како што се очекуваше, Милан го комплетираше трансферот на Јасин Адли од Бордо за 8 милиони евра плус 2 милиони евра бонуси, за да го остават во францускиот клуб на позајмица за сезоната 2011/22.

21-годишниот фудбалер од средниот ред подолго време беше цел на Паоло Малдини, но Бордо одбиваа да го продадат за таа сума, пред „росонерите“ да се согласат да го остават во Франција уште една сезона.

Адли е произлезен од академијата на Пари Сен-Жермен, а пристигна во Бордо во 2019 за 5.5 милиони евра. За Жирондинците тој има 5 гола во 72 настапи.

Тој е четвртиот трансфер на Милан на последниот ден од преодниот рок, откако го купија Жуниор Месијас од Кротоне, Тиемуе Бакајоко од Челси и Пјетро Пелегрини од Монако, сите на позајмица со опција за купување.

Scroll to Top